27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda Fabia III - официјален цртеж

Škoda Fabia III – официјален цртеж

skoda fabia crtez

Една од премиерите на годинешниот саем за автомобили во Париз ќе биде и новата, трета генерација на популарната „Škodа Fabiа“.

Во изминатиов период „ловците“ на авто-новитети успеаа да снимат повеќе маскирани тест примероци на овој автомобил, а бројни магазини објавија и компјутерски цртежи преку кои ни го прикажуваат можниот изглед на „Fabiа III“.

Сега и сама „Škoda“ објави еден официјален цртеж од новата „Fabiа“, како најава за нејзината претстојна премиера.

Објавени се и некои основни податоци кои се однесуваат на димензиите и палетата на мотори.

Новата „Fabia“ е направена на модифицираната „PQ26“ платформа, меѓуосовинското растојание во однос на втората генерација е продолжено за 5 mm, возилото е пониско за 31 mm, пошироко за 90 mm, додека зафатнината на багажникот кај хечбекот изнесува 330 литри.

Треба да се напомене дека должината на возилото е намалена за 8 mm или на 3992 mm, како и дека основната верзија ќе има тежина од 980 kg.

И натаму во понудата ќе биде и караванската „Fabia Combi“ и тоа со багажник од 530 литри.

Што се однесува до палетата на мотори, понудата ќе стартува со 1.0-литарски трицилиндарски со 44 kW/60KS и 55 kW/75KS, a тука меѓу останатото ќе биде и 1.2-литарски четирицилиндарски „TSI“ бензинец со 66 kW/90KS и 81 kW/110KS.

Најекономичен во гамата ќе биде 1.4-литарскиот„TDI Greenline“ дизел со 55 kW/75KS и просечна потрошувачка на гориво од 3,1 l/100 km.

Во понудата ќе бидат и дизел верзиите, 1.4-литарска„TDI“со 66 kW/90KS и 1.4-литарска„TDI“со 77 kW/105KS.

Стандардно ќе биде вграден мануелен петостепен менувач, а кај верзиите 1.2 TSI 81 kW/110KS икај1.4 TDI 66 kW/90KS ќе бидат достапен и седумстепен „DSG“ менувач со двојно квачило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП