4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi најавува нови модели!

Audi најавува нови модели!

Audi_Factory_2222

Шефот на „Audi“, Руперт Штадлер повторно ги потврди плановите на оваа компанија според кои се најаува дека нивната понуда до крајот на деценијата ќе опфаќа 60 модели.

„Audi“ моментално во својата гама има 50 модели (вклучувајќи ги тука и различните каросериски верзии), а нивниот број во наредните шест години ќе се зголеми за уште десет модели.

Меѓу нив секако ќе се најде помалиот кросовер „Q1“, како и големиот „SUV Q8“, a не треба да се исклучат уште некои „Q“ модели.

„Audi“ веќе од претходно најави дека до 2020-та година сите нивни најзначајни модели ќе бидат достапни и со хибриден погон, а во план е и цела палета на електрични возила.

Исто така, моделите „A6“, „A7“ и „A8“ ќе добијат повеќе верзии отколку досега, со цел да се пополнат сите можни низи на пазарот.

Можеме да очекуваме и дизел верзии на спортските „S“ и „RS“ модели (веќе со неодамна најавениот „RS5 TDI“ концепт), како и пошироко семејство на „TT“ модели.

Исто така, треба да се потсети дека во новата фабрика на „Audi“ во Мексико од 2016-та година ќе се произведува и новиот „Q5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП