3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW повлекува 1.6 милиони возила од Serieѕ 3

BMW повлекува 1.6 милиони возила од Serieѕ 3

bmw series 3 star

Уште еден голем производител на автомобили, „BMW“, објави дека на вонреден сервис ќе повика сопственици на постари модели, со цел на нивните возила да ги замени неисправните воздушни перничиња.

„BMW“ во средата објави дека повикот ќе биде упатен на околу 1.6 милиони адреси на сопственици на автомобили од „Serieѕ 3“ од целиот свет, а тоа се однесува за возила кои се произведени од 1999-та до 2006-та година.

Возилата ќе се повлечат поради можно неисправното предно сувозачко воздушно перниче.

Во германската компанија велат дека досега не се запознаени со ниту еден случај во кој дефектот на воздушното перниче довело до повреда на патникот, но перничињата ќе бидат заменети со цел да се минимализира ризикот во случај на незгода.

Најмногу автомобили, околу 574.000 ќе бидат сервисирани на американскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП