22 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПотона профитот на германскиот SAP

Потона профитот на германскиот SAP

sap-germany-headquarters-hana-big-data-370x229

Профитот на германскиот софтверски гигант SAP во вториот квартал е погоден од еднократните трошоци, но компанијата наведува дека ја задржува прогнозата за профит за цела година.

Нето профитот на SAP во три месеци заклучно со јуни е намален за 23 проценти на 556 милиони евра, додека профитот од работењето е намален за 29 проценти на 698 милиони евра, и покрај растот на приходите од два проценти на 4,15 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

На профитот на германската компанија влијаеше и одвојувањето на 289 милиони евра за долготрајниот спор околу патентот со американската компанија „Versata“, на која „SAP“ по судската пресуда треба да и исплати отштета.

„SAP“ во 2014 година очекува раст на профитот од работењето од 5,8 до шест милијарди евра, во однос на 5,48 милијарди евра во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар