
„Mazda“ ги објави првите фотографии од новата генерација на „двојка“ за јапонскиот пазар која во таа земја ја има ознаката „Demio“.


„Mazda“ ги објави првите фотографии од новата генерација на „двојка“ за јапонскиот пазар која во таа земја ја има ознаката „Demio“.
Автомобилот во голема мера е обликуван по углед на концептот „Hazumi“ кој е претставен на женевскиот авто-саем во март 2014-та.

Двете возила се разликуваат пред се по дизајнот на предниот браник и светлата за магла. Екстравагантните странични ретровизори и се повеќе украсните отколку функционални кваки од концептот го отстапија местото на конвенционалните куќишта на надворешните ретровизори и стандардните кваки на вратите.
Слично е и позади каде што наместо големиот покривен спојлер од „Hazumi“, кој повеќе е погоден за тркачките модели, се наоѓа вообичаен аеродинамичен елемент со врадено трето стоп светло.

Променет е и задниот браник на кој повеќе нема голем дифузор и централно поставена цевка за издувниот систем, овој дел автомобилот е складно обликуван без непотребни и излишни детали.
Неодамна објавивме неофицијални фотографии од ентериерот на новата „Mazdа 2“, па така во тој поглед нема големи изненадувања.

Бројот на копчиња е намален во однос на претходната генерација, а многу функции и команди сега се достапни преку екранот на мултимедијалниот систем, кој како и кај новата „Mazdа 3“ се наоѓа на врвот на централната конзола и форма на голем таблет уред.
Од „тројката“ е превземена и формата на воланот и инструмент таблата.
„Mazda 2“ (Demio) по јапонскиот пазар ќе пристигне и на другите светски пазари. Понудата на мотори ќе зависи од регионот на кој се продава.

Засега се најавени три погонски единици. Новиот 1.5-литарски „SKYACTIV-D“ дизел мотор кој произведува 105 ks (77 kW) и 250 Nm.
Покрај него во понудата ќе се најде и 1.5-литарски „SKYACTIV-G“ бензинец кој ќе биде на располагање со поголема излезна моќ, а се споменува и 1.3-литарски бензински агрегат.
Точните спецификации за европските верзии ќе бидат објавени пред официјалната премиера на парискиот саем за автомобили.