21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.07.2014

Дневен хороскоп 17.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате можност да ги импресионирате своите соговорници со некаков свој личен талент, но ситуацијата ќе биде двонасочна. Од една страна, може да се покаже како нешто привремено и наскоро да предизвика разочарување кај луѓето кои ве подржуваат. Од друга страна, оние што се против вас ќе се обидат на секој можен начин да ве нападнат.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Организираност, смиреност и оптимизам. Тоа ви треба денес. Времето нема да ви стаса за се, но барем направете го најважното. А за тоа што нема да успеете да го завршите побарајте помош од соработниците.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе треба да средите некакви семејни или роднински проблеми. Не ви влијаат директно но ќе треба да вложите напори за да спречите посериозни конфликти. На работното место заостанувате со проектите, искоритете го претстојниот викенд и завршете ги.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Најважни проблеми за вас ќе бидат личните проблеми. Комуницирајте со околните, сослушајте ги и проценете! Имате човек со кого можете да ја споделите вашата вознемиреност и да добиете позитивен одговор. Најважно е да процените кој е човекот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Или ќе добиете дополнителни приходи или ќе направите добра соработка, која подоцна ќе ви донесе дополнителни приходи. И двете варијанти се еднакво добри за вас, но добро да не заборавите до каде е границата за да бидете спокојни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Постојано реагирате со бурни реакции за кои немате оправдание. Вклучете ги разумот и комуникацијата во секојдневието. Доколку планирате конкретна акција бидете внимателни некој може непријатно да ве изненади. Преземањето на некаков ризик ќе ви се исплати и на крајот на денот ќе има за што да прославите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Речиси во текот на целиот ден ќе треба да се занимавате со решавање на домашни или семејни проблеми. Конфликтите ќе бидат помеѓу вашите најблиски па сакале или не, и вие ќе бидете вклучени во нив. Тешко дека ќе остане смирени, барем обидете се да ги средите работите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обидете се да ги завршите вашите важни обврски до ручек. Како што ќе минува денот така вашата енергија ќе опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не се оптоварувајте со дополнителни обврски и внимавајте на разговорот со најблиските. Точно пред нив, можете да го испуштите јажето и да си создадете проблеми, а тие во моментов ви се апсолутно непотребни. Вашето здравје ви сигнализира дека не водите сметка што јадете.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Навистина придржувањето кон даден план и рутина ви дава чувство за контрола над вашиот живот, но тоа прави да ви недостига забава. Денес почитувајте ги правилата, но не претерувајте. Внесете мала доза на авантура во вашиот живот. Направете нешто непредвидливо. Прифатете нечија понуда за лудување.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината. Релаксирајте се и забавувајте се во друштво.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес е вашиот среќен ден. Може да очекувате многу одлични изненадувања. Може да добиете некои неочекувани пари или некој ќе ви предложи многу интересен и потенцијално успешен проект. Прифатете ги опциите кои се пред вас, денес не можете да погрешите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП