3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзиот Aston Martin кабриолет на сите времиња (фото)

Најбрзиот Aston Martin кабриолет на сите времиња (фото)

vantage cabrio

„Aston Martin“ го претстави моделот „V12 Vantage S Roadster“ за кој тврдат дека е најбрзиот продукциски автомобил со отворен покрив во историјата на компанијата.

По моделот „V12 Vantage S Coupe“, кој се појави во 2013-та, на ред дојде и кабриолет верзијата.

vantage cabrio1

„Roadster“ погон добива од истиот мотор кој се вградува и во моделот со тврд покрив. Станува збор за 6.0-литарски „V12“ со 573 ks (421 kW) и 620 Nm максимален вртежен момент од кои 510 Nm веќе се достапни на 1.000 o/min.

Моќта се пренесува на задната осовина со помош на „Sportshift III“ автоматскиот мануелен менувач со седум брзини, кој е полесен за 20 kg во однос на менувачот од претходниот „Aston Martin V12 Vantage Roadster“.

vantage cabrio2

Автомобилот од мирување до „стотка“ забрзува за 4 секунди, пред да ги достигне максималните 323 km/h.

„Aston Martin V12 Vantage S Roadster“ е опремен со суспензија со адаптивни амортизери, а возачот може да одбере еден од трите начини на поставување: „Normal“, „Sport“ и „Track“.

vantage cabrio3

За запирање се задолжени сопирачки со керамички дискови.

Новиот модел на „Aston Martin“ ќе се најде во продажба во текот на 2014-та година, кога ќе биде позната и неговата цена.

vantage cabrio4

Претходниот „Aston Martin V12 Vantage Roadster“ од 2012-та имаше почетна цена од околу 190.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП