21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.07.2014

Дневен хороскоп 16.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Навистина ќе имате причина да се сожалувате себе си, но не бидете патетични и не ја малтретирајте околината, зборувајќи дека многу работите и дека немате време за себе. Ќе морате да преземете нешто посериозно, да се организирате како самите така и со своите соработници. Љубовниот живот може да биде центар на вашите интереси.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Со радост го планирате годишниот одмор, на кој максимално ќе се опуштите и ќе ги наполните батериите. Не бидете скржави купете си се што ви е потребно. Дружбата со пријателите, семејството и околината ќе биде голем поттик за вас да го промените размислувањето. Вашата среќа ќе нема крај.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Одлично ќе се снаоѓате во работата со луѓе и со задоволство ќе им давате помош на оние кои ќе ја побараат. Некои деловни вести ќе доцнат, а тоа ќе ве спречи во реализацијата на некоја работа која сте имале намера да ја започнете. Време е да се олабавите од работата и да заминете на одмор.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Некој од вашата близина ќе настојува да ви наштети. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар ден за да започнете со поголеми работи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате добри пријатели и сигурно не сакате да ги изгубите. Секако дека имате многу работи и обврски, но и пријателството е нешто за што треба да одвоите време. Повикајте пријатели ако не за нешто друго барем да им покажете дека мислите на нив иако не ги гледате често.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе почуствувате големи ограничувања на работното место. За жал ви престојат проблеми поради некоја работа од минатото, а исто така и некои законски одговорности. Но, ќе имате време за аргументирана одбрана на вашите постапки. Не треба да имате доверба во сите колеги.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Работната сфера денска во секој случај ќе биде ваша светла точка. Оние претставници на кои работата им дозволува тимско работење ќе бидат критички расположени кон своите соработници, а за тоа ќе имаат причина бидејќи нивната енергија и концентрација е далеку поголема отколку на колегите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси. Но љубов нема да ви недостасува. Партнерот ќе ве поттикне на планирање на иднината на вашата врска. Чувајте го здравјето, не се оптеретувајте.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа. Во семејството ситуацијата е доста мирна благодарение на вашето однесување. Старите врски се обновуваат, а кај новите ситуацијата е одлична за почеток.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На работен план ве очекува експанзија како и поддршка од претпоставените, а исто така и со финансиската страна ќе бидете задоволни. Слободните ќе уживаат во дружењето со претставници од спротивниот пол, но и оние во врска нема да заостануваат во тоа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Многу сте сериозни и тоа кон се и сешто. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да одберете потешка варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате. Не дозволувате никому да делува на било кој начин врз вас иако тоа би го направил со најдобра намера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП