3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДури и по 12 години не заминува во „пензија“

Дури и по 12 години не заминува во „пензија“

xc90-200

„Volvo“ наскоро ќе ја претстави новата генерација на „SUV“ моделот „XC90“, но во оваа компанија сметаат дека на пазарот се уште има место и за актуелната верзија.

Овој производител првиот „XC90“ го претстави уште во далечната 2002-ра година. Иако во текот на овие 12 години продадени се преку 636.000 примероци, дојде време за неизбежната смена на генерација.

Сепак, тоа не значи дека стариот „XC90“ заминува во пензија, затоа што ќе продолжи да се произведува под ознаката „XC Classic“ во кинески Дакинг.

Наследникот ќе има премиера во октомври на авто-саемот во Париз, а продажбата на новиот модел ќе започне напролет 2015-та година.

Со цел погоните во Шведска да се подготват за изработка на втората генерација, неодамна во фабриката во Торсланд беше завршено производството на стариот модел, а последниот примерок од производната лента замина во музејот на компанијата „Volvo“.

„Volvo XC90“ зa 2015-та ќе биде претставен на целосно нова платформа, а ја користи новата генерација на четирицилиндарски мотори, додека дизајнот ќе биде заснован врз серијата на концептни возила кои компанијата ги претстави во текот на 2013-та и 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП