21 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПанчо ДНК со својот нов CAPTUR во работен летен поход

Панчо ДНК со својот нов CAPTUR во работен летен поход

panco

Иако македонската естрада е периодична и не секогаш можеме да се пофалиме со добра и континуирана македонска продукција, сепак постојат и исклучоци. Еден од нив е Панчо ака Диџеј Шорти, познат од дуото ДНК, кој е константно посветен на креирање нови хитови и забавување на сите нивни фанови, кои се чести гости на неговите диџејски сетови. Тој и ова лето одлучи да му биде работно поради желбата за задоволување на сите љубители на музиката на ДНК, но и на забавите кој тој ги креира, како во домашните, така и во странските ноќни клубови.

„Оној кој си ја сака работата и е исполнет, не чека со душа да дојде лето за да може две недели негде да се излежува. Затоа и ова лето, решив да се посветам на работата која заедно со Андреј ќе ја крунисаме на концертот со бенд, кој е планиран за крајот на месец јули во Охрид. А, за исполнување на сите работни обврски мора да се има поддршка од најблиските, но и од некој кој ќе помага се да се постигне. Во мојот случајот тоа е мојот Каптур кој ми овозможува да стигнам насекаде навреме.“ – вели Панчо, кој е познат креатор на добрите ноќни забави ширум државата.

Инаку Панчо ја продолжува соработката и останува дел од семејството на Аутомотив Груп, овој пат потпишувајќи ексклузивен  договор со брендот RENAULT.

panco1

Стана сопственик, а воедно и заштитно лице на автомобилот кој е прогласен за најдобар градски кросовер за 2014 година –  Captur.  Моделот претставува иновативен спој на стилот и функционалноста , исклучително  практичен , елегантен , отмен, веќе е  брендиран и го носи потписот на Панчо со кој може да се забележи низ градските улици.

Куманово, Охрид, Дојран, Штип, Струга, Кичево и нормално Скопје, се само дел од градовите кои диџеј Шорти ќе ги посети летово. Неговата работа ќе биде крунисана со концертот на ДНК во Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар