27 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.07.2014

Дневен хороскоп 15.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние Овнови кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Функционирате растргани на повеќе страни. Морате да го завршите тоа што сте го започнале бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организациски способности кои денеска ви одат од рака. Денеска можете да реализирате идеални комуникации.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе бидете преокупирани со планирања, со оглед на состојбата во која се наоѓате. Од многуте планови, воглавно ќе остварите само мал дел и тоа пред се од оние кои се поврзани со емотивниот живот. На работа ве очекуваат многу обврски, за кои изгледа не сте подготвени.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. Многу ќе ви користи движење и патување.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Низ работата ќе дојдете до некои важни сознанија кои нема да се однесуваат само на работата која моментално ја работите. Она што не ќе можете да го решите оставете го отворено, не ја трошете непотребно енергијата. Внимавајте на здравјето, несоодветно се храните.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Бидејќи многу сте се се забавувале и сте сватиле дека таков стил на живеење не ви одговара, тргнувате во љубовно освојување и смирување. Тоа доста тешко ќе ви оди, и ќе бара од вас доста труд, затоа пак далеку поедноставно е слободните моменти да си ги поминете со некој кој навистина ви е важен.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сватите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денеска да уживате во семејната среќа. Занимавајте се со уметност бидејќи токму во тоа поле се случуваат работи за кои вие денеска сте подготвени.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете доста нетрпеливи, а тоа е главна причина за кавги и расправии со претпоставените или колегите на работното место. Можно е неочекувано да тргнете на некој службен пат. Во љубовта задоволни сте со себе, но не и со својот партнер.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Навистина ви е потребен одмор и опуштање. Дозволете си го тоа ако сте во можност и извршувајте ги само обврските кои неможат да чекаат. Посветете повеќе внимание на вашиот љубовен живот. Здраствената состојба е чуствителна, грижете се повеќе за себе.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Кавгите и озборувањата денеска многу лесно би можеле да доминираат во вашата работна средина, па затоа бидете внимателни и вие да не бидете вмешани во тие непријатни настани. Невниманието и непромислените дела исто така можат да ви зададат главоболки и на љубовен план.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Расположението малку ќе ви опадне, бидејќи некој од оклината нема да ви даде признание за кое верувате дека сте го заслужиле. Обрнете повеќе внимание на физичкиот изглед не се запоставувајте себе си. Ако не се чуствувате добро време е да побарате совет од лекар.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денеска ќе морате да бидете истрајни и подготвени на сите искушенија во деловноста. Контролирајте ја импулсивноста. Мислите дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП