3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Јувентус со најмногу светски шампиони од 1930-та

СП 2014: Јувентус со најмногу светски шампиони од 1930-та

Final - Germany vs Argentina

Јувентус е тимот кој дал најмногу светски шампиони од 1930-та година. Оваа пресметка ја направи францускиот весник „Л’Екип“. 24-ца од нив го носеле дресот на тимот од Торино, од кои 22-ца се Италијанците и двајца Французи – Дидие Дешамп и Зинедин Зидан во 1998-та година.

По четвртата светска титула на Германија Баерн се најде на втората позиција со 23 шампиони. Во оваа година тој додаде уште 7 – капитенот Филип Лам, најдобриот голман на првенството Мануел Нојер, Марио Гетце, Томас Милер, Бастијан Швајнштајгер, Тони Крос и Жером Боатенг. При претходните титули на Германија тие биле претставени од еден фудбалер во 1954-та година, 7 во 1974-та, 6 во 1980-та, а имаат и еден во тимот на Бразил во 1994-та година (дефанзивецот Жоржињо) и еден во Франција во 1998-та година (Бишенте Лизаразу).

Првата петорка во историјата се пополнува од Интер (20), Рома (16) и Сантос (15).

Од составот на Германија 7 играчи од 23 имаат странско потекло. Ова сепак е далеку од рекордот кој го држи Франција во 1998-та година со 12 фудбалери.

Четирикратниот светски шампион пак ги црпи своите херои од 21 германски клуб, откако последните кон нив што се приклучија се Хановер 96 и Фрајбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП