Четврт векот од користењето на „TDI“ моторите во своите автомобили, „Audi“ ќе го одбележи со специјална верзија на моделот „A7 Sportback“.
Првиот „TDI“ мотор кој е вграден во некој автомобил на „Audi“ беше 2.5-литарскиот агрегат со пет цилиндри, а беше погонска единица на моделот „Audi 100“ од 1989-та.
Две ипол децении подоцна, „Audi“ претставува ограничена серија на моделот „A7 Sportback“ со 3.0-литарски V6 „TDI bi-turbo“ мотор кој во однос на регуларната верзија е помоќен за 7 ks.
Овој современ „TDI“ сега е во состојба да произведе 326 ks (240 kW). Kога на возачот му е потребно уште моќ, од моторот со помош на „overboost“ функцијата може да се извлечат дополнителни 20 ks.
Максималниот вртежен момент изнесува 650 Nm и е достапен во распон од 1.400-2.800 Nm.
Од место до „стотка“ моделот „A7“ стигнува за 5.1 секунда, додека фабрички декларираната просечна потрошувачка изнесува 6,1 l/100 km.
Примероците од ограничената серија се опремени со „S line“ пакетот, а автомобилот има намалена суспензија за 20 mm во однос на стандардниот модел.
Јубилејниот „A7“ опремен и со специјални 20-инчни алуминиумски фелни, а достапен е во неколку бои. Внатрешноста е обложена со кожа и металик детали и украсни елементи од дрво во црна боја.
Купувачите кои ќе се одлучат за овој специјално опремен модел „Audi A7 Sportback“ ќе мораат да одвојат најмалку 72.000 eвра, колку што чини најевтината верзија.