Овен (21.03 – 20.04)
Ова не е ден ниту за сонување ниту за одмор. Ќе морате добро да се потрудите за да успеете да ја сочувате вашата позиција и да го одбраните вашето мислење. Ако тоа ви се случи не правете никакви застои. Опуштете се во душтвото на личноста која многу ви значи.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашиот претпоставен или пак личност со авторитет денеска од вас ќе бара малку повеќе внимание од обично, па би било добро повеќе да внимавате на неговите барања. Ако работата ја извршите добро со сите детали целата слика ќе изгледа подобро, а вие на крајот на денот ќе можете да очекувате некој вид на награда.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе чуствувате внатрешен немир што многу ќе делува врз односот со парнерот. Ќе бидете во неизвесност по прашањето за љубовта бидејќи ќе се најдете во ситуација каде ни самите не ќе знаете што сакате и што чувствувате. Ако постои вистинска љубов во вашата врска партнерот ќе ви даде поддршка.
Рак (22.06 – 22.07)
Целосно ќе и се посветите на работата и воопшто нема да имате време за одмор. Денов е поволен и за сите интелектуални активности. Интересот на јавноста за вашите одлуки и планови ќе биде доста изразен. Љубовниот живот се подобрува.
Лав (23.07 – 22.08)
Вашата психичка состојба поради различни причини не е најдобра. Самите настани тоа ќе го потврдат. Не ќе можете да се усогласите со личности од спротивниот пол, па вашиот љубовен живот ќе се најде во мала криза. Немате доволно сила да започнете од почеток. Потребен ви е одмор.
Девица (23.08 – 22.09)
Добро се чувствувате и активно пристапувате кон работните обврски и проблемите. Ќе имате помали проблеми во комуникацијата со околината, посебно родителите. Најверојатно тоа ќе бидат вербални препирки кои само ќе го расипат доброто расположение. Не подпаѓајте под исказите на партнерот, концентрирајте се на неговите постапки и чисти емоции.
Вага (23.09 – 22.10)
Денеска можете да очекувате подобрување на финансиската ситуација, што ќе ви претставува големо олеснување на маките кои и без тоа доволно ги имате. Размислете паметно за вишокот на пари и вложете ги во исплатливи работи. Постои можност од некој вознемирувачки настан во вашето семејство.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекува некој проблем на работното место. Обидете се што можете побезболно да го решите, бидејќи во спротивно ќе стане уште полошо. Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата, внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат. Имате голема поддршка од саканата личност.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Бидејки молчите и трпите околината за вас мисли дека вие воопшто немате никакви проблеми. Никој не може да го разбере вашето достоинствено држење во кризните ситуации. Моментално е многу чувствителна вашата финансиска состојба. Каде и да се завртите сите бараат пари, а работните проекти засега доцнат.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денеска ќе морате посебно внимание да му обрнете на тоа што го работите. Ако енергијата ја насочите позитивно, ќе имате успех. Комуникациите ви се одлични, а работната енергија во пораст, но ќе биде зголемена и вашта агресивност.
Водолија (21.01 – 19.02)
На работно место ве очекуваат купови работни задачи повеќето нови, а некои од нив и заостанати од порано. Бидете ефективни. Вашите желби ќе бидат во чекор со моменталните настани. Во љубовната врска ќе изнаоѓате многу недостатоци. Ќе бидете недоверливи.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе се обидувате да ја одгатнете емотивна енигма. Бидете трпеливи уште некое време и договорот ќе го добиете со леснотија. Размислувањата за некоја стара љубов не ве водат никаде. Спасувајте ја моменталната врска како знаете и умеете бидејќи е во мала криза. Доколку се чуствувате осамено некои ваши пријатели ќе ви помогнат да не се чуствувате така.