5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBertone прогласи банкрот!

Bertone прогласи банкрот!

bertone lancia

Познатата италијанска компанија „Bertone“ која се занимава со дизајнирање и изработка на автомобили, е принудена да прогласи банкрот со оглед дека не успеа да пронајде купувач кој ќе обезбеди средства за отплата на долговите и продолжување на работата.

Љубителите на класичните модели на марките „Lamborghini“, „Ferrari“, „Alfa Romeo“, „Lancia“, но и на многу други автомобили за чиј дизајн беше заслужен „Bertone“ се надеваа дека оваа компанија ќе избегне банкрот. За жал, тоа не се случи.

Како што пренесуваат медиумите, долгот на компанијата за последните пет години достигна 31 милион евра, но и покрај тоа што „Bertone“ имаше раст во работењето.

Не е докрај јасно што тргна наопаку, но вработените велат дека работите биле „водени катастрофално“.

Компанијата која направи ремек дела со автомобилскиот дизајн, меѓу кои се „Lamborghini Miura“, „Ferrari Dino 308 GT4“, „Lancia Stratos“, е принудена да го распродаде имотот за да ги плати долговите.

Покрај зградата која е во сопственост на компанијата и земјиштето на кое таа се наоѓа, „Bertone“ поседува и колекција на класични автомобили.

Меѓутоа, овие возила можат да се продадат исклучиво во пакет, затоа што целата колекција во Италија е прогласена за историско наследство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП