25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFurtive-eGT премиера ќе има наскоро во Лондон

Furtive-eGT премиера ќе има наскоро во Лондон

egzon

Францускиот производител на возила „Exagon Motors“ најави дека ќе го прикаже својот „Furtive-eGT“ модел до крајот на овој месец на манифестацијата „Salute to Style“ во Велика Британија. Овој модел е прикажан минатата година на саемот во Женева и е многу интересен електричен суперавтомобил со привлечен дизајн.

egzon1

Возилото го карактеризира каросерија од јаглеродни влакна која тежи само 124kg. Автомобилот е опремен со „Li-Ion“ батерија со капацитет од 53kWh која ги стартува двата електромотори кои заедно нудат 402ks моќ и 516Nm вртежен момент.

egzon2

Ваквата конфигурација му овозможува на возилото со погон на задните тркала да забрза од 0 дo 100km/h зa 3.5 секунди пред него да ја достигне електронски ограничената брзина од 250km/h.

egzon3

Според информациите овој модел може да помине околу 310km пред да ја испразни батеријата, но оние кои сакаат мотор за продолжување на опсегот можат да сметаат на вкупно движење на овој модел од 734km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП