30 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.07.2014

Дневен хороскоп 11.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Вашите љубовни интерси ќе се движат во работниот круг. Можна е симпатија во вашата канцеларија или познанство со интересна личност благодарение на вашите колеги. Оние што бракот го доживуваат како обврска ладно ќе ги извршуваат должностите. Можно е да ви замери партнерот, бидејќи за него немате доволно време.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Неформалните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа денов е погоден и за откривање на идеи кои ги имате толку многу што би било добро да се ослободите бареме од еден дел од нив.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Се што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со оглед на тоа дека ги сакате парите. Некоја личност ќе ве разочара во целосна смисла, но тоа е така бидејќи вие премногу сте очекувале.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Симпатиите на околината се на ваша страна што во моментот за вас е многу важно. Ве очекуваат предизвици во врска со вашата професија. Финансиската ситуација нема да ве вознемирува дури можни се и некои неочекувани добивки преку партнерот како и некој ситен подарок кој многу ќе ве израдува.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Пред вас се многу поволни работни активности, ова особено се однесува за оние припадници на овој знак кои се занимаваат со пишување и креативни работи. Во љубовта чудно се однесувате бидејќи живеете во некој свет на фантазии и идеали.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете доста спори, но главно ќе успеете да завршите се што мислите дека е неопходно. Ќе работите со полно физичко ангажирање. Слободното време најповеќе ќе го користите за интелектуално напредување како и за излегување со вашите пријатели.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе зависите од помошта и реакциите на околината и ќе предизвикате внимание кај другите, но со мала несигурност. Соберете се, внимавајте и имајте доверба во себе. Во љубовта среќен ден исполнет со меѓусебно разбирање со партнерот, кое позитивно ќе ве исполни и ќе направи да се чувствувате пресреќно.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чуствувате силна потреба за сензација и во однос на тоа правите се и сешто за да ја шокирате средината. Кога ќе ја постигните целта и со сите ќе се искарате, ќе се обидете да изградите нови односи. Тоа многу тешко ќе го поднесуваат вашите жртви. Внимавајте многу бидејќи по брза постапка можете да бидете елиминрани од нивно друштво.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Немојте да се чудите ако луѓето кои сте ги запознале во последно време започнат да ви покажуваат знаци на љубов и пријателство. Самите сте виновни што сте добро друштво и не би требало да се изненадите ако некој од вашите нови познаници почне да ви се додворува. Работните обврски извршете ги во дадениот рок, не ја запоставувајте работата.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашето однесување ќе делува врз расположението на најблиските. Некои од вас ќе обноват, а други ќе раскинат врска. Можно е да има и некоја промена во вашиот поглед кон бракот и пријателството. Би можеле да посакате нешто забрането. Љубовниот партнер ќе ве поттикне на акција.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинската љубов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП