Англискиот фудбалски гигант Арсенал го договори привлекувањето на три нови засилувања за 49 милиони фунти, пренесува „Дејли Меил“. Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез ќе премине на „Емирати“ со трансфер за 30 милиони фунти од шпанскиот Барселона, откако двата клуба постигнаа принципиелен договор. Санчез го одбра Арсенал пред понудите на Ливерпул и Јувентус. Тој ќе добива по околу 140 илјади фунти неделна плата.
Барселона го чека финализирањето на трансферот на Санчез за да ја заврши трансакцијата за привлекување на уругвајскиот напаѓач Луис Суарез од Ливерпул за сума од 75 милиони фунти. Се очекува тоа да стане факт веќе утре.
Лондончани исто така се пред завршување на трансферите на Французите Метју Дебуши и Лоик Реми. Дефанзивецот Дебуши ќе го засили тимот од Њукасл Јунајтед, а за него ќе бидат платени 11 милиони фунти. Напаѓачот Реми преминува на „Емирати“ од новајлијата во елитата Квинс Парк Ренџерс и тоа за 8 милиони фунти.