30 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.07.2014

Дневен хороскоп 10.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не избрзувајте со изказите и чувствата.Обидете се да бидете трпеливи додека не најдете некој кој ќе знае да го цени она што вие го чуствувате, но ако би било спротивно можете да завршите со голема повреда. Ви треба внимание, но не од погрешна личност.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не влегувајте во ризични финансиски предизвици и не потпишувајте договори за партнерство, бидејќи би можеле да доживеете сериозна загуба. Исплатата на вашата плата или хонорар можеби ќе доцни така што ќе мора да се откажете со купувањето на планираните работи. Деловниот партнер не ги исполнува во потполност ветувањата кон вас.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имагинативната сила ви е многу јака, па добро би било да се занимавате со некаков вид на уметност. На тој начин ќе ги предупредите грешките на материјално ниво. Благодарение на смислата за организирање на работите, создавате поволни услови за нов бизнис, но во исто време невниманието може многу скапо да ве чини.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Состојбата на работното место е значително поволна. Активноста и енергичноста во решавањето на проблемите ќе ви биде на високо ниво. Односите со околината ќе ви се подобрат, но сепак бидете внимателни во барањата, бидејќи сите врати не ви се отворени. Односите со партнерот ви се стабилни и во нив ќе вложувате голем дел од енергијата.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе морате да се соочите со проблемите на работното место. Некој ваш колега не ви мисли добро и работи во ваша штета. Отворете ги добро очите и бидете повнимателни. Во љубовниот живот во сериозните врски ситуцијата е стабилна, а слободните потајно посакуваат некоја љубов.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денешниот ден ќе ви биде одличен. Ако во моментот сте на одмор, ве очекува уште поголема среќа. Посветете му внимание на саканото суштество и на некое ваше омилено хоби. Со еден збор уживајте максимално. Моментите пред вас се идеални за се што вие се стремите да направите, но под услов да не претерувате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се што ќе превземете во врска со средување на вашите домашни и семејни односи ќе биде успешно. Во врска со вашата работа ве очекува крај на некои ограничувања и почеток на успеси и задоволства. Проблемите кои сте ги имале ќе ни нема, а финансиската ситуација ќе биде многу поволна. Посвете и време и на љубовта.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Навистина сте енергична личност но понекогаш претерувате и се форсирате. Тоа е една од причините поради која се чуствувате тотално исцрпени. Не сакате околината да забележи како се чувствувате, па многу вешто глумите. Кога некој ќе се обиде да ве допре имате чуство дека ќе експлодирате.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете многу чувствителни на се што се однесува на љубовта. Вашата понуда за интимно дружење би можела да биде одбиена. А ако биде прифатена и двајцата ќе бидете напнати. Не се измачувајте, гледајте ги работите пореално. Во работата ситуацијата е нормална единствено што се можни некои недоразбирања со вашиот претпоставен.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не дозволувајте премногу да се опуштите, затоа што можете да го изгубите чувството за одговорност кон обврските. Денес малку потешко ќе ги следите настаните околу вас, што произлегува од вашата намалена концентрација. Тоа можете да го надминете ако малку посериозно пристапите кон обврските и ако не ги сфаќате работите премногу површно.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекуваат несредени односи со околината. Денеска воздржете се од потпишување на секакви договори. Ќе ве загрижува финансиската состојба. Во љубовниот живот можни се чувствителни расправии, прекини, нејасни односи и лажни ветувања. Здравјето е лошо. Обидете се да го намалите стресот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Она што денеска го доживувате е извесна изолација било тоа да е доброволна или предизивикана од самите вас. Самотијата ви е најдобриот другар, па обидете се да ја искористите најконструктивно. Обидете се од неа да излезете попаметни и подобри. Никогаш не сме доволно добри и успешни колку што сакаме да бидеме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП