27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche најавува офанзива

Porsche најавува офанзива

porse fab

„Porsche“ најверојатно подготвува вистинска офанзива на автомобилскиот пазар со четири нови модели, а водечки ќе биде предизвикувачот на „Ferrari 458 Italia“.

Со кодно име „988“, новиот модел ќе поседува средно позициониран мотор, а агрегатот е осумцилиндарски боксер! Се очекува зафатнината да биде околу 4.0-литри, додека стајлингот ќе биде инспириран во голема мера од „918 Spyder“. Тоа што исто така е во игра се 600 KS и лесно достапен 550 Nm максимален вртежен момент.

Покрај новиот модел, „Porsche“ подготвува и ново семејство на четирицилиндарски и шестцилиндарски боксер мотори кои покрај поголемата моќ ќе ги каратеризира и помалата потрошувачка на гориво. Ќе пристигнат во атмосферски и турбо верзии, но и во хибридна форма.

Новата модуларна архитектура ќе биде основа на која ќе лежат моделите на „Porsche“, како во варијанти со средно, така и со задно позиционирани агрегати. Моќта ќе се движи од 280 дo 600 „коња “.

Доаѓањето на „988“ се очекува за некаде во 2017-та. Новата генерација на „Boxster“ и „Cayman“ со турбо четирицилиндарски боксери со околу 280 „коња“ на основните и 350 на „S“ моделите се очекуваат непосредно по тоа. За очекување е дека „Boxster“ и „Cayman“ со новата „911“ ќе се појават на пазарот пред 2019-та година, кога е најавено преминувањето на целосно новата архитектура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП