30 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.07.2014

Дневен хороскоп 09.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Од моменталната состојба ќе бидете многу задоволни. Во вложувања со брза и лесна заработувача ќе имате среќна рака, немојте да се опуштате повеќе отколку што е потребно. Оние со стална љубовна врска ќе почуствуваат силна приврзаност на партнерот, но околностите поврзани со семејството и родителите ќе ве спречат потполно да се посветите на освежената љубов.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе имате некои ситни здраствени проблеми, но брзо ќе ги санирате. Искористете ја добрата моќ на концентрација за оние работи кои долго сте ги одложувале. Завршете ги одамна започнатите планови и уредете го вашиот простор. Физичките активности ви се намалени, па ангажирајте се додатно и поминувајте повеќе од времето на чист воздух.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Мотивираноста за работа ви е доста опадната, но вие сеуште сте спремни да вложувате напори за навремено извршување на работните задачи. Нека не ве мачат сомнежите од поголеми размери, бидејќи со нив ќе ги доведете во прашање важни ваши планови.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе ви се случуваат интересни работи. Еве ви причина за енормна количина на љубов која ја манифестирате врз околината. Само внимавајте да не претерате со добрината бидејќи партнерот лесно може да го искористи тоа, но не само тој. Здрави сте, деловно успешни, а финансиската состојба е задоволителна.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги обвинувате другите, обидете се да го најдете својот дел на одговорност, за да можете да ја пребродите кризата. Добро би било конструктивно размислување во врската во која се наоѓате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ова е одличен ден за љубов и емотивно задоволство, а прилично лош за работа. На тој план работите се одвиваат тешко и барааат додатна сила, која во моментот вие ја немате. Затоа обрнете му внимание на партнерот или на новата симпатија доколку сте слободни.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во вашата работна средина ќе се случат некои кадровски промени. Ќе соработувате со новите колеги, менувајќи го местото и начинот на работата. Финасиската состојба се подобрува. Љубовниот живот без значителни промени.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чуствувате негативна енргија во вас. Постојат начини со кои ќе се ослободите на пример: спорт, внесување во работата или пак целосно предавање на љубовта. Семејните средби ќе ви ги вратат детските сеќавања што биле длабоко закопани. Не се срамете да побарате помош од најблиските за овие проблеми.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе се соочите со обврски со кои досега не сте се сретнале, што ќе ве натера да размислите дали сте подготвени за нови предизвици и промени. Подгответе се на помали задоцнувања или застои во сообраќајот. На работен план некој ќе сака да ви ја украде вашата самостојност со тоа што ќе морате да се борите да ја задржите вашата положба.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денов е многу поволен за општествени активности и акции со кои на некого му помагате. Располагате со енергија и елан, па ќе бидете успешни во тоа што го работите. Финансиската ситуација нема многу да ве радува. Бидете потолерантни со саканата личност.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Немојте да ги повторувате грешките од минатото, особено не оние љубовните. Доколку порано сте се изгореле, а се однесувате слично внимавајте бидејќи може да биде многу полошо и поболно. Ова предупредување се однесува и на другите животни полиња. Морате да учите од сопствените грешки за да бидете подобри.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

На работното место ќе соработувате и ќе контактирате со другите. Тоа е добро, бидејќи ќе го зацврстите пријателскиот однос , но исто така и заморно затоа што имате доволно свои проблеми. Ако имате партнер ве очекуваат расправии и тоа најповеќе од неговите сопствени проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП