3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Нема допингувани на Мундијалот!

СП 2014: Нема допингувани на Мундијалот!

doping brazil

Светската фудбалска федерација (FIFA) соопшти денеска дека сите примероци за допинг тестовите на Мундијалот во Бразил се „чисти“.

Шефот на медицинскиот тим на „FIFA“, Јиржи Дворжак рече дека ниту еден играч, кој бил тестиран до четвртфиналните средби на Светското, не бил позитивен на тестот.

Сите примероци, земени пред и по натпреварите се тестирани во лабораторијата на Светската антидопинг агенција (WADA) во Лозана.

„WADA“ минатата година на лабораторијата во Рио де Женеиро и ја одзема дозволата за работа.

Дворжак рече и дека сите 736 дале примерок од крв за своите биолошки пасоши и додал дека на Мундијалот немало ненајавени тестирања.

На Светските првенства ниту еден играч не „паднал“ на тестот уште од 1994-та година, кога легендарниот Аргентинец Диего Армандо Марадона бил позитивен на „Ефедрин“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП