25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕден милион возила продаде групацијата BMW за шест месеци

Еден милион возила продаде групацијата BMW за шест месеци

pro bmw1

Групацијата „BMW“ која ја сочинуваат автомобилските марки „BMW“, „MINI“ и „Rolls-Royce“, како и „BMW“ мотоциклите, во првата половина од 2014-та им испорача на купувачите 1.020.211 возила.

Тоа е прв пат во историјата групацијата „BMW“ да продаде преку милион возила во првото полугодие. Во однос на истиот период од 2013-та година, продажбата порасна за 6,9%, додека во јуни се испорачани 4.8 проценти повеќе возила отколку во истиот месец од претходната година.

Во „BMW“ се охрабрени од досегашната продажба и очекуваат дека во 2014-та година ќе остварат продажба од 2 милиони возила, така што во втората половина на пазарот ќе се најдат и новите модели „BMW X4“ и „BMW Serieѕ 2 Active Tourer“.

pro bmw2

За продажниот успех во првите шест месеци најзаслужна е матичната компанија „BMW“, која успеа да пласира 886.347 автомобили, што претставува раст од 10,2% во според со првото полугодие од 2013-та.

Најдобро се продаваше моделот „BMW Serieѕ 3“. На купувачите им беа испорачани 233.438 автомобили (+7,8%). Значително се зголеми и продажбата на „Serieѕ 5“ (+7,6%), кој го најде патот до 193.560 купувачи.

Сепак, најголем скок на продажбата (+35,6%) забележа „BMW X5“ со оглед дека третата генерација на овој модел пристигна на пазарот во втората половина од 2013-та година.

pro bmw3

„BMW“ соопшти и дека од почетокот на годината продале и 5.396 примероци од електричниот модел „i3“.

Што се однесува до останатите брендови кои работат во рамките на групацијата „BMW“, потфрли „MINI“. Во првите шест месеци продадени се 131.896 автомобили од оваа марка, што претставува пад на продажбата од 11,4%.

Од друга страна, „Rolls-Royce“ постигна одличен резултат со оглед дека забележа раст на испораките од дури 33,4%. Во првата половина од 2014-та продадени се 1.968 автомобили од оваа екслузивна марка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП