4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes CLA Shooting Brake во продажба од 2015-та

Mercedes CLA Shooting Brake во продажба од 2015-та

ilustrracija mecka

Петтиот модел од семејството на компактни автомобили на „Mercedes“ со преден погон, „CLA Shooting Brake“, ќе пристигне во продажните салони на почетокот на 2015-та година, потврди германскиот производител.

Нивната стратегија на пазарот да понудат поголем број на модели од сегментот на компактни возила, досега се покажа како многу успешна. Продажбата на „Mercedes“ во последно време бележи рекорден раст, највеќе благодарејќи на компактните модели од „A“ и „B“ класите, т.е. „Mercedes CLA“ и кросоверот „GLA“.

„Mercedes“ сега на истата платформа го подготвува и „Shooting Brake“, верзија на купе лимузината „CLA“, која е замислена по углед на поголемиот и полуксузен „Mercedes CLS Shooting Brake“.

За погон ќе бидат искористени веќе постоечките четирицилиндарски мотори со турбо полнење кои се докажаа во останатите компактни модели на германската компанија, а снагата ќе се пренесува по пат на шестбрзински мануелен или седумбрзински автоматски менувач со двојно квачило.

Покрај стандардната верзија со преден погон, „Mercedes CLA Shooting Brake“ ќе биде достапен и со „4MATIC“ погон на сите четири тркала. Најавен е и „CLA 45 AMG“ модел кој под хаубата ќе има 2.0-литарски турбо-бензински мотор со 4 цилиндри и 360 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП