4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа кого му е потребно да го доработува LaFerrari?

На кого му е потребно да го доработува LaFerrari?

doraboteno ferari

За некој кој може да одвои 1.3 милиони евра и кој е привилегиран да се најде меѓу 499-те купувачи на најмоќниот и најпрестижниот модел на „Ferrari“, имањето на овој автомобил би требало да претставува исполнување на сонот. Меѓутоа, на еден од сопствениците ни тоа не му било доволно, па одлучил да го подобри овој за многумина совршен „Ferrari“.

За да се стане сопственик на „LaFerrari“, покрај милионската сума на пари, беше потребно досега да сте поседувале најмалку пет автомобили на „Ferrari“, но и одобрувањето за купување да го добиете од директорот на италијанскиот производител, Лука ди Монтеѕемоло.

Помалку од 500 луѓе ги задоволија овие криетриуми. Но, тие можат да се пофалат дека во гаражата го имаат најмоќниот продукциски модел на „Ferrari“ чиј хибриден погонски систем произведува 963 ks (708 kW).

Сепак, еден од нив сметал дека неговиот примерок треба да биде уште полуксузен и ја ангажирал шведската компанија за доработка на сериски автомобили, „JMB Optimering“.

Швеѓаните му ја исполниле желбата па 6.3-литарскиот V12 мотор на „LaFerrari“ е подобрен и сега погонскиот систем располага со дури 1.050 ks (772 kW).

Дали мислите дека автомобил како што е „LaFerrari“ има потреба од дополнително подобрување?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП