30 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.07.2014

Дневен хороскоп 07.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе се најдете во доста тешки ситуации, но многу успешно ќе ги пребродите. Избегнувајте работи поврзани со недвижнини и немојте да бидете премногу сигурни во вашата мудрост. Нема да имате многу настани, па одморете се и соберете сила која ќе ви биде потребна за наредните денови.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Многу лесно воспоставувате контакти и го постигнувате тоа што вас ви е потребно. Ова првенствено се однесува на љубовта. Во работата стагнирате, односно сте разочарани од тоа што некои дадени ветувања не ви се исполнети. Ви претстои период на подобрување, одморете се малку и уживајте.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денеска какви и да се вашите цели и намери ќе приметите дека сите околности ви одат од рака. Бидете што поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашата работа и кариера. Потрудете се денеска ако сакате да оставите подобар впечаток кај некој кој ви е многу важен.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Воопшто не мислите на тоа дека ќе ја искористите целата енергија и ќе западнете во други проблеми. Тоа е нормално и на секого може да му се случи. Добрите и лошите работи во животот се менуваат, па затоа подгответе се за секакви моменти. Добро би било да можете да комуницирате полежерно и да не одлучувате за важни работи. Ви треба одмор.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Комуникативноста денеска е на прв план па ќе настојувате да ја спроведете на дело. Посетете ги вашите стари пријатели, а можете малку и да озборувате, но внимавајте да не му наштетите на некого. Тоа одлично ќе ве опушти. Нема причина да се чуствувате осамено и несватено.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денот ќе ви донесе доста возбудувања и настани со кои ќе ја зголемите напнатоста. Повеќе ќе се движите отколку што ќе ги решавате проблемите, но сепак од тоа ќе извлечете некаква корист. Ќе мора контактите со луѓето да ги подобрите, а со тоа и ситуацијата на работното место.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Особено поволно ви е нагласено пишувањето и стекнување на материјални богатства. Од вашиот партнер ве очекува материјална подршка. Тој навистина знае да ве мотивира за да го промените својот пристап кон врската и тоа во позитивна смисла, бидејќи пак вие знаете да ги видите сопствените грешки.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Немате големи тешкотии, но кај вас ќе биде проблем насобраниот замор и внатрешното незадоволство. Ќе ви се чини како да немате избор и дека другите решаваат за вашата судбина. Во љубовта ќе се зголемат материјалните апетити, па некои ќе пробаат максимално да профитираат од својот партнер.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Потполно сте запловиле во деловните води. Сте загризале многу цврсто, но се повеќе ви се чини дека стоите во место. Нема да уживате во друштвените контакти, бидејќи ќе мислите дека тоа време можете попаметно да го искористите. Со мислите постојано ќе бидете кон работата.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Односите со луѓето ќе бидат доста интензивни и интересни, но односите со претпоставените проблематични. Со една личност која многу ви значи како пријател и авторитет не ќе можете да воспоставите однос како што сакате. Нешто ќе се попречи помеѓу вас. Работниот живот ви носи нови работни задачи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Работите како што се семејни, финансии, наследство, даноци, алиментација и сл. би можеле сериозно да ве погодат. Вашата потсвест би можела силно да делува врз вашето расположение денеска. Ќе се почуствувате осамени и напуштени. Ослободете се од црните мисли. Правете нешто убаво, договорете средба со пријателите, разговарајте и релаксирајте се.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе почуствувате потреба за искрен разговор со личност која без страв може да ги открие сите свои тајни. Доколку постои некој таков не се срамете да побарате дел од неговото време. После разговорот ќе се чуствувате подобро и поведро и тоа до толкава мера што вечерта би можеле да тргнете во потрага по забава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП