19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPunto го чека својот наследник во освежено издание? (фото)

Punto го чека својот наследник во освежено издание? (фото)

punto novo

На интернет се појави неофицијални фотографии од редизајнираниот „FIAT Punto“ кој би требало да го премости јазот меѓу веќе десет години стариот модел и најавениот наследник кој ќе пристигне во 2016-та.

Актулениот „FIAT Punto“ на пазарот е од 2005-та, а последните стилски промени ги претрпе во 2012-та. Тогаш италијанскиот производител по ознаките „Grande Punto“ и „Punto Evo“, го врати и моделот со првобитното име – „Punto“.

punto novo1

На фотографиите може да се види дека редизајнираната верзија има различни, значително поголеми фарови. Нова маска на ладилникот, браници и светла за магла.

Прикажаниот примерок има во избоилство хромирани детали, кои веројатно ќе бидат достапни во поскапите пакети на опрема.

punto novo2

Се очекува во понудата и натаму да биде истата палета на мотори, која од 2012-та е подобрена со двоцилиндарскиот 0.9-литарски „TwinAir“ турбо-бензинец со 85 ks и 1.3 MultiJet2 дизел со иста снага.

Со одглед дека фотографиите на „Puntо“ зa 2015-та се настанати во Индија, каде „FIAT“ исто така го произведува овој модел , се уште со сигурност неможеме да тврдиме дека верзијата за европскиот пазар ќе има идентичен дизајн, но треба да се очекуваат стилски промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП