24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Таткото на Нејмар вмешан во црната берза со билети!?

СП 2014: Таткото на Нејмар вмешан во црната берза со билети!?

FBL-WC2014-BRAZIL-FIFA-TICKETS

Нов скандал изби околу напаѓачот Нејмар. Се тврди дека неговиот татко учествувал во црна берза за билети за Светското и дури дека е еден од главните снабдувачи на овие „скапоцени“ парчиња хартија.

Полицијата веќе го истражува случајот во кој беа вмешани уште познати личности како поранешниот капитен на Бразил Карлос Дунга, прославениот дефанзивец Карлос Алберто Торес (светски шампион од 1970-та година), Жаирзињо и братот на Роналдињо – Роберто де Азис.

Тие биле повикани на распит во полиција. За последниот се сомнева дека ги насочувал барателите на билети до трговците на црно.

Истовремено од семејството Нејмар категорично негираат да имаат нешто заедничко со случајот: „Презаситени сме од сите лаги на наша адреса“.

Од скандалот стана познатот дека е уапсен Алжирецот Мохамаду Лами Фофана. Инспекторите од бразилската полиција, пак, предвидуваат дека цената на билет за финалето на 13-ти јули на „Маракана“ може да достигне и до 16.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП