30 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.07.2014

Дневен хороскоп 05.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Тактизирајте со работите и нештата ако сакате да постигнете успех. Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Пред себе имате силна цел, а тоа е усовршување на знаењето. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот ви е намален. Желбата за успех е силна затоа и сета енергија ви е насочена кон тоа. Ја проучувате секоја ситуација. Чувствувате блага нервоза, но тоа е нормална состојба за вас.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Месечината добро влијае на вас. Овој ден е поволен за нови познанства, а луѓето и колегите околу вас ќе имаат посебна почит за она што ќе го правите. Продолжете да воспоставувате контакти и да ги одржувате, бидејќи тоа е вашата предност. Ќе добивате поддршка и од партнерот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Интересот ќе ви биде насочен кон нештата за кои најмногу се залагате, а тоа се односи, релации, контакти. И овој ден, можеби, ќе бидете задоволни од тоа како ве третираат околината, луѓето, познати и непознати, но би требало да се прашате за кого, всушност, живеете и работите, дали за другите или за оние што ги сакате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Доколку сакате на мир да уживате во следните случувања, пожелно е оваа нервозата да ја ставите под контрола. Поминувате низ криза. Повеќе околности влијаат на расположението. Храбро го проверувате трпението, се обидувате да го одржите дадениот збор. Внимавајте на финансиите, трошите пари на непотребни работи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Наскоро следува сериозно преиспитување поврзано со вашите постигнати резултати. Мора да бидете јаки за да се соочите со тоа. Својата доминација ќе и ја наметнувате на околината. Од случувањата извлечете максимум, но не задоволувајте се само со тоа. Послушајте го советот на некој Бик, и не ја изневерувајте довербата на некој Рак.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не дозволувајте да победи паниката, мора да се борите ако сакате стравот да исчезне. Важно е да направите се што зависи од вас, бидејќи на повеќе околности не можете да влијаете. Поради нешто сте загрижени, но на крајот од денот ќе сфатите дека едноставно некои работи мораат да бидат такви како што се. Не се карајте со колегите, не сте секогаш само вие во право.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обидете се да ја добиете довербата на еден Лав кој знае како да ви ласка но не ги отвора картите пред вас. Можно е и двајцата да се наоѓате на некој нов терен кој е непознат за вас. Сакате ризични работи и ситуации во кои вашето знаење доаѓа до израз.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Немате добра комуникација со некој Лав, но кон него вие сте премногу чувствителни. Тоа особено се однесува на оние кои се родени во втората половина на јануари. Може да очекувате да добиете понуда за која сте сонувале, но прашањето е дали ќе ја прифатите. Некој сака да ве сретне бидејќи долго време ве нема видено.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Добро се согласувате со Близнаците и Лавовите кои совршено ве разбираат кога станува збор за работата. Би требало да им се посветите на вашите интереси бидејќи имате шанса да успеете во работата која можеби сега ви е хоби или со која во моментов се бавите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Се наоѓате во интензивен период во кој изобилувате со енергија, шарм и оптимизам. Но, ќе се однесувате неконтролирано во трошењето пари, а тоа ќе резултира со долгови што ќе ги исплатувате многу подолго од моментното задоволство. Вашите соработници се обидуваат да ви ги посочат грешките кои ги правите, но вие не сакате да ги слушате. Внимавајте може да ја загубите работата која ви е повеќе од неопходна.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Инсистирате на сопственото гледање на нештата во својата работна средина, а таквото однесување ќе резултира со конфликт со соработниците. Полека, но сигурно доаѓаат крупни деловни промени, така што немате причина за грижа. Иако имате премногу работа, се обидувате да најдете задоволство. Доколку добиете привлечна понуда за промена на работното место, не се залетувајте и не ги идеализирајте потенцијалните соработници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП