2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Passat зa 2015-та година (фото)

Volkswagen Passat зa 2015-та година (фото)

nov pasat

„Volkswagen“ вчера во Берлин одржа презентација на осмата генерација на моделот „Passat“, пред премиерата која е закажана за октомври на саемот во Париз. Покрај лимузината, во германската престолнина беше претставена и караван верзија.

Иако според дизајнот на надворешноста не изгледа револуционерно поразлично од претходната генерација, новиот „Passat“ во основа се разликува од актуелниот модел.

nov pasat1

Пред се, автомобилот е поставен на целосно нова (MQB) платформа. Покрај тоа, нова е и палетата на мотори, додека дизајнот и квалитетот на материјалите во енетериерот, со иновациите како дигиталната инструмент табла, го приближуваат „Passat“ до премиум сегментот.

Благодарејќи на новата платформа и лесните материјали, во зависност од верзијата, масата на автомобилот е намалена и до 85 килограми во однос на претходната генерација (најлесната верзија на „Passat“ е тешка 1.312 kg).

nov pasat2

Со ефикасните и економичните мотори, тоа допринесува новиот „Passat“ да има помала просечна потрошувачка на гориво за 20 проценти.

Кога станува збор за седан верзијата, со должина од 4.767 mm, осмата генерација на „Passat“ е пократка од моделот кој моментално се наоѓа во продажба за 2 mm. Покрај тоа, меѓусовинското растојание е зголемено за 79 mm и сега изнесува 2.791 mm.

nov pasat3

Автомобилот е широк 1.832 mm што е за 12 mm повеќе од претходникот. Покрај тоа, висината е намалена за 14 mm, на 1.456 mm.

Покрај поголемиот простор во кабината, патниците на располагање ќе имаат и поголем багажник. Кај лимузината зафатнината на багажниот простор е зголемен за 21 литар и изнесува 586 литри.

nov pasat4

Караванот има за 47 литри поголем багажник, што вкупно дава 650 литри корисен простор, кој со навалување на задните седишта може да се зголеми на максимални 1.780 литри.

Сите модели имаат „LED“ стоп светла како стандарден дел од опремата.

nov pasat5

Како опција се достапни и „LED“ фарови, вклучувајќи го и „Dynamic Light Assist“ систем кој автоматски се прилагодува на долгите светла со цел да не ги заслепи возачите кои доаѓаат во пресрет.

„Volkswagen“ го подигна и нивото на квалитет и содржини во ентериерот, па така кабината изгледа полуксузно.

nov pasat6

Тоа најмногу се забележува на инструмент таблата. Пред возачот наместо класичните аналогни инструменти се наоѓа голем 12.3 инчен екран, кој прв пат го видовме во новото „Audi TT“.

Дисплејот се состои од кружни елементи обртомер и брзинометар, додека во средината се прикажуваат други информации, кои се важни за возачот. Со цел возачот што е можно помалку да го трга погледот од патот на располагање е и „head-up“ дисплеј.

nov pasat7

„Passat“ зa 2015-та е опремен со бројни електронски системи за безбедност, вклучувајќи и автоматско сопирање во услови на градско возење доколку компјутерот процени дека е неизбежен судар.

Моторизацијата на „Passat“ зa 2015-та опфаќа десет конфигурации – пет бензинци, четири дизели и еден модел со хибриден погон. Најслабиот бензинец 1.4-литарски „TSI“, достапен е во две верзии, со 125 ks (92 kW) и 150 ks (110 kW).

nov pasat8

Покрај тоа, тука е и 1.8-литарски „TSI“ кој произведува 180 ks (132 kW), a во врвот на понудата се наоѓа 2.0-литарски „TSI“ кој во послабата варијанта развива 220 ks (162 kW), a во помоќната 280 ks (206 kW).

Kупувачите кои ќе се определат за дизел верзијата можат да бираат помеѓу основната верзија со 1.6-литарски „TDI“ мотор со снага од 120 ks (88 kW) и три 2.0-литарски „TDI“ единици со 150 ks (110 kW), 190 ks (140 kW) и 240 ks (176 kW).

nov pasat9

Понудата се затвора со „plug-in“ хибрид. Овој модел погон добива од 1.4-литарски „TSI“ бензинец и електромотор. Вкупната комбинирана моќ изнесува 211 „коња“ (155 kW), а автономијата на движење на електричниот погон е околу 50 km.

Иако официјалната премиера ќе биде одржана во текот на октомври на парискиот авто-саем, „Volkswagen“ ќе започне да прима нарачки за купувачите во Германија веќе од 7-ми јули.

Осмата генерација на „Passat“ ќе чини од 25.875 евра, колку што изнесува почетната цена на лимузината, додека караван верзијата ќе се продава по цена од 25.950 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП