28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: ФИФА ќе го промени едно од основните правила на фудбалот

СП 2014: ФИФА ќе го промени едно од основните правила на фудбалот

zameni fudbal

ФИФА сериозно размислува да им дозволи на тимовите да прават по четири замени за време на натпреварите.

Во моментов составите имаат право на три промени. Тоа сепак ќе важи само за средби кои минале во продолженија, па споменатата четврта промена ќе може да се врши по истекот на редовните 90 минути.

Техничкиот комитет на федерацијата ја разгледува оваа идеја, земајќи го предвид големото оптоварување на кое се подложени тимовите.

За потсетување, пет од осумте осминафинални средби на актуелниот Мундијалот не беа решени по час и половина игра.

„Фудбалерите вложуваат многу напор, па поради тоа тешко се опоравуваат и заработуваат повреди“, коментира поранешниот селектор на Франција Жерар Улие, кој е член на споменатата комисија на ФИФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП