27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИмотот на Spyker ќе се продава на аукција

Имотот на Spyker ќе се продава на аукција

spajker aukcija

Холнадскиот производител на спортски автомобили, „Spyker“, е принуден да го распродаде имотот со цел да ги плати неподмирените даночни долгови. На аукцијата која ќе се одржи на 4-ти август, а меѓу останатото ќе се најдат и останатите продукциски модели, но и прототипите и тркачките автомобили на оваа компанија.

Аукцијата ќе се одржи девет месеци откако сопственикот на оваа автомобилска марка се повлече од берзата во Амстердам.

Холандската аукциска компанија, „Troostwijk Auctions“ го објави списокот на „Spyker“ возила за кои купувачите ќе може да се наддаваат. Меѓу нив се моделите „C8 Aileron“, „C8 Aileron Spyder“, „C12 Zagato“, како и „SUV“ концептот „Peking to Paris“.

Покрај тоа во понудата ќе бидат и 85 „V8“ мотори на „Audi“ со одговарачки менувачи кои „Spyker“ ги набави, но не ги вгради во своите автомобили.

Компанијата издаде соопштение дека распродажбата е неминовна, затоа што тоа е единствениот начин да се подмират даночните обврски. Од друга страна, извршниот директор Виктор Милер тврди дека проблемот со долгот е решен и дека до аукција нема да дојде.

Од аукциската куќа „Troostwijk Auctions“ велат дека досега они не добиле информација дека аукцијата ќе се откаже и потврдуваат дека се ќе се одржи според планот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП