„Facebook“ одлучи да купи уште една компанија која треба да им помогне во нивното работење. Овој пат тие ја превземаа „LiveRail“, компанија за рекламирање, која развива технологија која автоматски ја поврзува видео рекламата со видео кое се прикажува на многу интернет страници. „LiveRail“ има и „bidding“ платформа за огласувачи кои сакаат да ги вметнат своите реклами во „online“ видео содржини.
Компаниите не ја објавија вредноста на договорот, но според некои информации станува збор за износ меѓу 400 и 500 милиони долари. Нормално, „Facebook“ и во оваа област гледа во иднината, во која видео рекламирањето би требало значајно да порасне. „BBC“ неодамна објави студија која покажува дека само во Велика Британија лани се потрошени повеќе од милијарда фунти на мобилно рекламирање што е раст од 93 отсто во однос на 2012-та.
„Релевантните реклами треба да им бидат интересни на луѓето кои ги гледаат „online“ видео содржините, но и поефективни кај огласувачите“, стои во соопштението од „Facebook“.
Од „LiveRail“ истакнуваат дека месечно испорачуваат повеќе од 7 милијарди видео реклами.