30 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.07.2014

Дневен хороскоп 03.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Внимавајте од погрешни проценки, а исто така избегнувајте зависност од туѓи мислења и сугестии на професионален план за да имате успех и напредок. Најважни ќе бидат вистинските информации и вештината за говорење и пишување. Некои од вас ќе соработуваат со пријатели или роднини, а некои ќе тргнат на пат поврзана со некоја хонорарна работа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Пед вас се прекрасни моменти, и уште поубава атмосфера. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ги сакате. Ќе јадете неконтролирано иако сте си ветиле на самите себе дека ќе бидете на диета. Ве очекува финансиска добивка која набрзина ќе ја потрошите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денов ќе ви мине во променливо расположение. Односите со околината ќе ви бидат нарушени: сметајте на семејни кавги, недоразбирања со партнерот, како и негативен налив од нерасчистени ситуации од минатото. Доколку не сте во врска денов не е поволен за движење кон неизвесност.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекува уште една неразрешена ситуација. Семејните односи и контакти со најблиските се доста сложени и напнати. Но покрај се вие ќе успеете да исцрпите сила и да се снајдете. Ќе имате поддршка од една личност од која ќе извлечете и материјална корист.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работен план мислите дека се можете, но внимавајте, бидејќи е можно да направите грешка. Ако успеете сите работи да ги завршите како што треба патот за напредување ви е отворен. Постојат шанси за патувања, но од службена природа и кратки релации.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Вашата комуникативност ќе биде причината за новонастанатите или подобро новоиницираните работни задачи или проекти во вашата фирма. Пофалбите ќе ги добите доколку темелно ги проанализирате и објасните вашите ставови, а колегите тоа го прифатат. На љубовен план без некои посебни случувања.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

И покрај поразот кој ќе го претрпите во работата сепак ќе бидете во добро расположение. Ќе заклучите дека понекогаш и поразот е добредојден. Некои претставици ќе имаат бурни расправии со претпоставените кои на крај ќе завршат во нивна корист. Во љубовта ситуацијата е нестабилна, можеби премногу барате.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сите активности кои ќе ги преземете ќе бидат поврзани со средување на вашиот простор за живеење, а сето тоа ќе ве направи задоволни. Бидете внимателни со повозрасните личности првенствено блиските и немојте да си дозволите да бидат навредени од ваша страна. Соработниците на работното место гласно ќе ја коментираат вашата работа, запрашајте се дали доволно се трудите околу решавањето на работните задачи.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе ве следат доста променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот, а одма потоа ќе му искажувате огромна љубов. На работното место не ќе можете да постигнете со обврските. Времето некако ви се лизга низ прстите и мора малку да се позанимавате со неговата реорганизација.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Сите работи ќе се одвиваат под ваша контрола, па затоа нема потреба од грижа. Ако мислите дека некои работи не се во најдобар ред консултирајте се со вашите соработници. Ве очекува некое патување надвор од границите на државата. Во љубовта, вашиот партнер можеби ќе прифати некои ваши желби, но не очекувајте дека ќе ви ги исполни сите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сте успеале да ја пребродите кризата и да испливате од проблемите, и тоа од оние кои директно делуваат врз вашето расположение. Работите ги држите под контрола, успешни сте и задоволни. Сите услови ви се наклонети, па што чекате – искористете ги максимално.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Финансиската состојба ви е повеќе од добра, па слободно направете листа на работите кои сакате да ги купите. Оние кои се од неодамна во врска на секој можен начин ќе се обидат подобро да го запознаат партнерот.Денеска ќе имате поволни прилики за продолжување или можеби нов почеток на некои големи потфати кои добро ќе ви се исплатат. На работното место ќе ви биде потребна среќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП