28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе најавува 4С со повисоки перформанси

Се најавува 4С со повисоки перформанси

alfa 4 c 000

Извршниот директор на компанијата „Alfa Romeo“, Харалд Вестер објави дека постои можност да биде претставен модел „4C“ со високи перформанси. Тој тврди дека 1.75-литарскиот четирицилиндарски мотор со турбо полнење обезбедува „само“ 136 ks излезна моќ на еден литар, па поради тоа има простор за натамошно подобрување.

Тој потврди дека и одредени делови ќе бидат изработени од јаглеродни влакна со што ќе се добие дополнителна моќ, но и дека компанијата ќе додаде и сопирачки со високи перформанси кои ќе го следат подобрениот мотор.

Вестер несакаше да обелодени колкава моќност можеме да очекуваме, но во моменталната изведба моделот постигнува 240 ks излезна моќ и 350 Nm вртежен момент.

Тоа на возилото му овозможува забрзувањето до 100 km/h да го постигне за 4.5 секунди, додека максималната брзина која може да ја забележи е 250 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП