27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW размислуваше, па ги отфрли плановите за моделот M4 GranCoupe

BMW размислуваше, па ги отфрли плановите за моделот M4 GranCoupe

bmw gran coupe0

За разлика од „Serieѕ 6 Gran Coupe“, помалата купе лимузина на „BMW“ нема да добие своја спортска „М“ верзија.

„Иако размислувавме за моделот „M4 Gran Coupe“, не постојат планови за негово производство“, изјави шефот за продажба на „М“ одделението, Јорг Бартелс.

Па така автомобилот за кој се веруваше дека скоро сигурно ќе се најде во продажба, ќе остане неисполнета желба на фановите на спортските „BMW“ возила.

Бартелс објасни дека германскиот производител се откажа од „BMW M4 Gran Coupe“ затоа што проценија дека потенцијалните купувачи не се премногу заинтересирани за еден таков модел.

Оние кои сонуваа за „М“ верзија ќе мораат да се задоволат со моделот „435i Gran Coupe“ со 3.0-литарски шестцилиндричен мотор кој произведува респектабилни 306 ks (225 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент.

Овој автомобил забрзува од 0-100 km/h за 5.5 секунди со мануелен, односно за 5.2 секунди со автоматски менувач, додека максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП