19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПочна производството на Мini со пет врати (видео)

Почна производството на Мini со пет врати (видео)

mini pet vrati proizvodstvo

Денес од производната лента во фабриката на „BMW“ во  Оксфорд излезе првиот „Мini“ со пет врати и го означи почетокот на големиот инвестициски проект на групацијата „BMW“ од 750 милиони фунти со цел да се подобрат погоните во Велика Британија.

Новиот „Мini“ со пет врати ќе почне да се продава на почетокот на есента, а претставува возбудлив додаток во семејството и отвора потполно нов сегмент за овој производител.

„Лансирањето на новиот „Мini“ со пет врати е дополнителен мотив за производниот сектор во Велика Британија и овозможува нови вработувања во Оксфорд и Свиндон во рамките на инвестицискиот проект на „BMW““, вели секретарот Винс Кејбл.

„Mini Сооper“ со пет врати е вториот модел кој ќе биде изграден на новата платформа на групацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП