30 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.07.2014

Дневен хороскоп 02.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Трпението ќе ве напушти. Долго сте очекувале нешто и сега веќе имате чуство дека некој со вас си поигрува. Затоа рзгледајте ја целата ситуација комплетно и дознаете на што сте. Љубомората ќе ве измачува, а вашиот партнер ќе има проблеми да воспостави нормален однос со вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Постојат големи шанси парите да ги вложите онаму каде што најмногу ќе ви се исплати, односно во нешто од што двојно ќе ви се вратат. Ве очекува некоја особено пријатна посета или пак самите ќе изненадите некој на таков начин. Контактите ви се одлични. Во врска со вашето семејство ќе владее хармонијата и љубовта.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сеуште не можете вашата концентрација да ја насочите кон една цел. Ќе бидете распрскани на сите страни и ќе се чуствувате заморено, затоа посветете повеќе внимание на пријатни работи кои не ви претставуваат никакво оптеретување. Посветете повеќе внимание на вашето семејство на пријателите и не претерувајте со работата.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Работите ви се одвиваат онака како што посакувате. Во овој момент не треба да очекувате стресови. Ќе имате и доста енергија, но морате да внимавате да не претерате, бидејќи ќе бидете помалку немирни и склони постојано некаде да брзате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ситуацијата ви се подобрува. Ќе имате се повеќе енергија, па ќе постигнувате подобра концентрација и успех во потешките работи. Вашата позиција е стабилна иако не е постојано пријатна. Комуникациите ви се нешто подобри, но сеуште се можни повремени недоразбирања со претпоставените.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Размислувате за зголемување на вашата материјална ситуација. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финансии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Можеби е најдобро за тие прашања отворено да поразговарте со вашиот партнер и да најдете заедничко решение.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Моменталната поставеност на планетите навестува многу акција и настани. Ќе бидете многу немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте ништо што е многу важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Со причина ќе бидете загрижени за понатамошниот развој на случувањата поврзани со работното место. Моменталните случувања се доста сериозни, но секако дека вие не сте единствени кои се соочувате со проблемот. До вас се вашите колеги кои ќе ви помогнат да ја пребродите моменталната ситуација.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Добро ви се аспектирани односите со претпоставените, па затоа денот е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент. Имате многу изгледи за успех во работите поврзани со странство и деловните патувања. Приватниот живот ви е стабилен а вашата љубовна врска ја зацврстувате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Извршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна. Работете повеќе со мозокот а помалку со срцето.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Заборавете на ветувањето кое сте и го дале на некоја ваша блиска личност, бидејќи нема да бидете во состојба да го исполните. На работното место ќе се соочите со препреки. Најдете подобро решение за проблемот. Финансиите ви се одлични но внимавајте, бидејќи трошите без контрола. Во љубовниот живот ве очекуваат новини.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Избегнувајте конфронтации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе мора да бидете внимателни што правите и каде вложувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП