7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДоцни стартот на производството на новиот Prius

Доцни стартот на производството на новиот Prius

prius docni

Јапонскиот производител „Toyota“ официјално соопшти дека производството на четвртата генерација на „Prius“ се одложува за декември 2015-та година, а причината за тоа е поради тоа што инженерите и натаму работат на новата платформа и хибридниот систем.

„Тоyota“ првично најави пролетно лансирање на нивниот хибрид, меѓутоа најновата вест дека автомобилот може да се очекува дури во декември следната година, додека „plug-in“ верзијата ќе се појави во октомври 2016-та.

„Toyota“ одби да даде официјално образложение за шестмесечното доцнење, а извори од компанијата истакнуваат дека инженерите не се задоволни со потрошувачката на гориво. Во секој случај, може да се разбере високиот стандард кој „Тоyоtа“ сака да го одржи во случајот со „Prius“ кој, од кога се појави во 1997-ма, претставува најпродаван хибрид во светот.

„Тоyota“ во текот на 2013-та година, втора година по ред продаде милион хибридни возила, а големи надежи вложуваат и во новата платформа на која ќе биде изградена и новата генерација на „Prius“.

Исто така, новиот хибриден систем ќе биде помал, полесен и поефикасен, а производителите сакаат да постигнат 10 проценти подобра економија со горивото во однос на актуелниот модел од 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП