2 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 01.07.2014

Дневен хороскоп 01.07.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Односите со околната не се стабилни, можни се недоразбирања со колегите и претпоставените. Ако сакате да постигнете резултати во тоа што го работите најмногу ќе ви користи упорната работа и добрата организација на работните задачи. Личностите кои ве опкружуваат имаат сопствени интереси и не ви се наклонети.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Добро ќе се снаоѓате во решавањето на финансиските проблеми и тоа на доста необичен начин. Ќе добиете добри вести и нечија поддршка. Ќе имате нагласена потреба за размена на чуства. Слободните би можеле да започнат љубовна романса базирана врз физичка привлечост, а во сериозните врски се повеќе ќе зависите од вниманието и љубовта на партнерот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Павилно ќе ја прецените моменталната ситуација на работното место но ќе заборавите на некои помали делови кои се доста важни. Ќе ви помогне ваш стар пријател или колега и ќе направи работата да биде спасена. Преоптоварени сте со деловни обврски и немате доволно време за приватниот живот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Многу ќе разговарате за љубовта и ќе ги анализирате вашите и туѓите чуства. Ќе сакате да се дружите со пријателите да излегувате на кафе вечера и сл. Ако сте во врска многу ќе ви биде важно вниманието на партнерот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ако некои работи подолго време сте го чувале само за себе, денес е време да ги откриете пред другите. Имате голема шанса овој работен ден да ви биде многу успешен. Во љубовта ова е ден кога ќе се повлечете во себе и ќе се чувствувате осамени и напуштени.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат интересни и конфузни ситуации во работата. Тие ќе се одразат во вашиот живот. Главните проблеми ќе ги имате во љубовта. Упорно ќе го запоставувате партнерот и ќе бидете наклонети кон неверства. Ваквото однесување се должи на неискрените односи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе се занимавате со напорни и досадни работи, решавање на некои долгови, заостанати сметки и др. Ве советуваме да побарате интерес врзан за странски јазици, уметност или некоја хуманитарна работа. Негувајте го хобито кое ве исполнува и патувајте со духот ако не можете со телото.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во работата ќе бидете непостојани и склони кон кавги со претпоставените. Внимавајте како се однесувате и што зборувате. Премногу значење ќе им придадете на материјалните работи во животот и ќе започнувате расправии со партнерот. Ќе мора да го заборавите минатото и да продолжите понатаму доколу сакате среќно да живеете.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не започнувајте нови работи. Отежнатите прилики ви ја нагризуваат самодовербата, а околината, партнерот и соработниците премногу делуваат врз вас. Некои ќе заземат видлив агресивен став како би се снашле во секојдневните битки, други пак ќе избегаат кон забавата без чувства и одговорности.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротиното од она што вие сте го замислите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекуваат новини на работно поле, но овие промени ќе бараат од вас жртва. Ќе морате да преземете и дел од работата на другите, бидејќи вашите интереси се заеднички. Решавањето на проблемот што ве измачувал многу ќе ве расположи. Постои можност за некое патување и на вас останува да одлучите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете доста напнати а во извршувањето на работните задачи ќе се среќавате со некои тешкотии. Затоа ви препорачуваме сега за сега да се занимавате само со работи кои се убави, а кризните ситуации да се обидете да ги разрешите на мирен начин. Избегнувајте го секој облик на агресија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП