24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го тестираше својот прв авион

Honda го тестираше својот прв авион

honda avioni002

Jапонскиот автомобилски концерн „Honda“ го реализираше првиот тест лет на својот прв авион „HondaJet“, соопштија претставниците на компанијата. Овој тест лет траел 84 минути и бил направен во американската држава Северна Каролина каде е базата на одделението на компанијата „Honda Aircraft“.

„Во најскоро време можеме да пуштиме на пазарот најсовршен лесен авион во светот“, рече по тест летот претседателот на компанијата, Митимаса Фуџино, кој од 2006-та година го подготвува своето деби во областа на производството на авиони.

„HondaJet“ е првиот јапонски авион кој во целост го развива приватна компанија и без поддршка на државата, пренесуваат агенциите.

Минијатурниот авион од бизнис класата може да прими само осум патници, но може да лета со брзина поголема од 770 километри на час и на надморска висина преку 13 километри.

Во „Hondа“ сметаат дека авионот најголема популарност ќе има во САД поради тоа и е одлучено одделението за производство на авиони на компанијата да биде сместено на територијата на оваа земја.

Според очекувањата, продажбата на „HondaJet“ би можела да започне веќе наредната година. Цената на авионот ќе биде околу 4.5 милиони долари. До овој момнет „Honda“ има добиено повеќе од сто нарачки за авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП