27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот сопственик на AvtoVaz е Renault-Nissan

Новиот сопственик на AvtoVaz е Renault-Nissan

avtovaz reno nisan

Алијансата „Renault-Nissan“ го заврши преземањето на најголемиот руски производител на автомобили, компанијата „AvtoVaz“. Оваа трансакција, што е договорена уште на почетокот на 2012-та година, конечно е регулирана со договорот склучен на 18-ти јуни, објави „Reuters“.

Благодарение на оваа операција, француско-јапонската компанија со 67,1 отсто ќе учествува во сопствеништвото на „AvtoVaz“.

„AvtoVaz“ во 2013-та година работеше со загуба од 7,9 милијарди рубљи (161,4 милиони евра), поради падот на домашниот пазар и намалениот обем на продажба на возилата од марката „Lada“.

На почетокот на јуни раководството на рускиот производител најави дека планира да отпушти 13.000 работници за да ја консолидира компанијата. Извршниот директор на „Renault-Nissan“, Карлос Госн, во април изјави дека рускиот пазар на автомобили има голем потенцијал и покрај намалената продажба и санкциите кои Западна Европа и ги наметна на Москва заради кризата во Украина.

„Renault-Nissan“ во 2008-ма година плати околу милијарда долари (730 милиони евра) за почетните 25 проценти од сопственоста во руската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП