2 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.06.2014

Дневен хороскоп 30.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот ви носи и поволни и неповолни настани. Ќе имате многу средби и разговори, па постојано ќе бидете во гужва. Во целост вашата ситуација е добра, но би требало повеќе да внимавате на финансискиот дел од работата. Избегнувајте поголеми трошоци и не дозволувајте некој да ве наговори да вложувате во нови работи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Моменталната ситуација е без поголеми промени во однос на претходните денови. Односите на работното место се напнати. Обрнете поголемо внимание на работните задачи и не дозволувајте да ви се натрупаат. Во сериозните врски ќе морате да бидете потрпеливи.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Работните задачи воопшто нема да ви претставуваат проблем, ги извршувате со големо задоволство и елан. Ви се закануваат финансиски неприлики, па најдобро би било да бидете внимателни во трошењето. Бидете трпеливи ситуацијата ќе се подобри.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Сакате да се докажете пред другите и да бидете видени на јавни места. Внимавајте да не ги измешате приватните и деловните односи. На работното место бидете одредени, внимателни, имате голема енергија и затоа обидете се да ја вложите во извршувањето на вашата работа или зацртаната програма.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Најблиската околна ве гуши и вие сте под голем притисок. Енергијата ви е намалена. Надворешно би можеле да се однесувате погрубо и поодлучно отколку што сте во суштина. Условите би можеле да ве натераат на непромислено реагирање.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Време е повеќе да се посветите на себе си и на односите со вашите најблиски. Ќе бидете воодушевени од некои нови идеи и понуди. Во сериозните врски побарајте возбудувања и романтика. Слободните сонуваат за личност која е далеку и недостапна.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ситуацијата на работното место ве прави напнати и нервозни. Работните обврски ќе ги извршувате, но нема да се трудите да постигнете поголеми успеси. Ќе имате средба со луѓе кои ќе ви помогнат да остварите барем дел од започнатите планови. Колку ќе успеете ќе зависи од вашите залагања и желби.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ситуацијата ви се подобрува, но не се исклучени и стресовите. Најверојатно, напнатостите ќе се ограничат само на едно поле од вашиот живот. Има доста планети кои ве поддржуваат меѓутоа ви се закануваат и опасности да започнете нешто што би можело да ви создава стресови.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Искористете го деншниот ден за склопување на поважни договори. Долготрајните работи ви се добро аспектирани. Затоа највеќе внимание треба да и посветите на работата. Со недвижинините ќе имате успех особено ако планирате купување или продавање. На интимен план ќе имате се повеќе недоразбирања со партнерот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Одличен ден за работа. Со поамбициозните работи сте на прав пат па затоа ќе имате напредок. Односите со соработниците и претпоставените се задоволителни, а финансиската состојба ви задава грижи. Во приватниот живот ќе имате многу среќен ден.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Повремено ќе бидете нервозни и налутени, бидејќи работите не се одвиваат така како што вие сте испланирале. Вашите планови се нереални или многу ви е кратко времето за да стигнете до целта. Можеби ќе имате тешкотии со луѓето од кои реално многу зависите, намалете го тонот и прилагодете се на ситуацијата.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не ќе можете реално да ја процените ситуацијата и луѓето околу вас. Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП