2 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.06.2014

Дневен хороскоп 28.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некои нови прилики во семејниот живот како и можноста за купување на недвижнини, градење, премногу ќе делуваат врз вас. Ќе промените нешто во вашиот секојдневен живот, па сето тоа заедно ќе ви создава стресна ситуација. Во љубовта можеби малку ќе се одалечите од партнерот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Само оние кои добро ве познаваат можат со вас да излезат на крај. Полни сте со планови но и со грижа дали ќе успеете, истовремено ќе бидете ранливи и чуствителни на забелешките од другите. Интензивно ќе се дружите со партнерот, но постои можност од мало разочарување.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекуваат нови возбудувања можеби поврзани со некакво патување. Контактите со странство ви се позитивни. Ќе се двоумите околу покажувањата на чуствата, минатите искуства ви ги нарушуваат сегашните прилики.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Поголем дел од енергијата која ја поседувате ќе ви ја донесе работата. Можеби ќе влезете во некоја нова работа или нова работна средина. Ќе ви биде овозможено да користите било каква погодност туѓи пари, кредит и сл. Бидете штедливи и не влегувајте во нелегални комбинации.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Околината ќе ви биде наклонета, но вие имате премногу животно искуство за да се отворите пред неа. На некои работи ќе гледате со недоверба. Можни се излегувања во друштво и популарност во кругот на вашите познати.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Слободните ќе уживаат во моменталниот стил на живеење – многу средби, разговори, новини, озборувања. Можно е многу успешно кратко патување. Во сериозните врски доаѓа до заладување или затегнување на односите. Заборавете накратко на обврските и бидете пак млади и заљубени.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сакате сигурна и исплатлива работа без ризик. Многу сте заинтересирани за пари и ќе ве интересира кој колку троши, и колку може да се заработи. Постои можност да склопување на многу исплатливи договори. Некој од вашата деловна средина ќе ве напушти, сметајќи дека не сте биле коректни во меѓусебните преговори, внимавајте овој потег ќе ви нанесе голема штета.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Со некои финансиски акции ќе се обидте да ги решите зголемените семејни или стамбени проблеми. Во љубовта сепак многу малку може да се купи со пари. Подсетувањето на реалниот живот и тешкотиите на другите ќе ви помогне да ги ставите работите во подобра перспектива.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во љубовните односи треба да бидете внимателни и со резерва. Вие го сакате најдоброто, но некој не ве цени доволно. Со вашето однесување ќе се обидете да ја докажете сопствената верност, но сеуште со задоволство се жртувате за другите и заборавате на себе.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Чувствувате немир па потајно се надевате и фантазирате. Понекогаш силата е во признавањето на човечките слабости. Пријателската љубов ќе ви го исполни денот. Денес денот поминете го со пријателите, уживајте, зборувајте, дружете се.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во целост ќе се опуштите и ќе заборавите на вашите основни обврски. Со вашето однесување давате впечаток на личност, која е целосно незаинтересирана за се околу себе. Морате да признаете дека сте претерале. Почнете да се подготувувате за секојдневието.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некоја многу важна случка ќе поткрене коренити промени во вашиот однос кон некоја личност. Ќе отворите некои ненапишани поглавја, некои ќе доживеат нова љубов, а други пак ќе се решат за родитлество или зајакнување на постојната врска и сл. Некој можеби ќе стане траен извор на вашата среќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП