27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебитираше новиот Ford Focus ST (фото)

Дебитираше новиот Ford Focus ST (фото)

focus st

Моментално во тек е Фестивалот на брзината во Гудвуд, а како главна ѕвезда на овогодишната манифестација е и освежениот „Ford Focus ST“.

Покрај визуелените детали, „Ford Focus ST“ за 2015-та година може да се пофали со нова технологија на контролната шасија, прилагодена суспензија и управување, нови гуми кои побрзо реагираат и целокупно избалансирано искуство во возењето.

focus st1

Суспензијата е подобрена со нови предни тегови и спортски амортизери, а покрај електронското „power-assisted“ управување кое овозможува полесно маневрирање, тука се и 18-инчните тркала како дел од стандардната опрема.

Аргетатите остануваат исти, па тука е 2.0-литарски четирицилиндарски „eсo-bооst“ со 252KS и 366Nm вртежен момент кој е поврзан со шестстепен мануелен менувач со погон на предните тркала. Забрзувањето до „стотка“ изнесува околу 6.0 секунди.

focus st3

Покрај бензинецот, тука е и дизел верзијата со 2.0-литарски агрегат со турбо полнење од 182 KS и 400Nm, кој би требало до „стотка“ да стигне за 8.0 секунди.

За вистинските љубители на брзината, се појавија информации дека „Ford“ работи на новата генерација на „Focus RS“ со 2.3-литарски „eсo-bооst“ четирицилиндарски мотор со 330KS.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП