3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталниот резултат на Nike изнесува 7,43 милијарди долари

Кварталниот резултат на Nike изнесува 7,43 милијарди долари

nikepic

Американскиот производител на спортска опрема „Nike“ оствари подобар квартален резултат од очекуваниот, благодарение на растот на побарувачката во Северна Америка и Западна Европа.

Растот на побарувачката на двата главни пазари за „Nike“ е предизвикан со интензивната маркетинг кампања по повод СП во Бразил.

Како што соопштија, нето профитот во четвртиот квартал од фискалната година, завршен на 31. мај, достигна износ од 698 милиони долари или 78 центи по акција, додека во истиот период минатата година тој изнесуваше 690 милиони долари.

Приходите од продажбата во споменатиот квартал изнесуваа 7,43 милијарди долари, со раст од 13 проценти на годишно ниво, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите во просек предвидуваа 75 центи нето профит по акција и 7,34 милијарди долари приходи.

Во соопштението се додава дека компанијата на домашниот пазар претрпела сериозен притисок од главниот конкурент, германската компанија „Adidas“. Според податоците на Евромонитор, „Nike“ минатата година во Западна Европа имал пазарен удел од 12 проценти, додека учеството на „Adidas“ изнесувало 12,6 проценти, зад 13,2 проценти во 2012 година.

Нарачките на спортска облека и обувки од брендот „Nike“ за испорака во периодот јуни-ноември 2014 година се зголемени за 12 проценти глобално и 25 проценти во Западна Европа во текот на анализираниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП