27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ20 години од производството на првиот Audi A8

20 години од производството на првиот Audi A8

audi a8 201

„Audi“ во февруари 1994-та година ја претстави првата генерација на својот најлуксузен модел „А8“, чие официјално производство започна во јуни истата година во фабриката Некарслум.

Германскиот производител овие денови ќе одбележи две децениско производство на својот ривал на моделите како што се „Mercedes S Сlasѕ“и„BMW Serieѕ 7“, a кој во 1994-та го наследи некогашниот најлуксузен „Audi V8“.

Првиот „A8“ се базираше на платформата „Volkswagen Group D2“, а го одликуваше „Audi Space Frame“ алуминиумската шасија.

Втората генерација од овој модел се појави во 2002-ра година, а третата (и се уште актуелна) светлоста на денот ја здогледа кон крајот на 2009-та. Минатата година беше претставена и редизајнирана верзија и тоа со „Matrix LED“ предни светла, богата опрема и освежена гама на мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП