2 јули, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.06.2014

Дневен хороскоп 27.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Големите планови и идеи за кои веќе долго и срамежливо размислувате, полека се менуваат во нешто изводливо и достижно. Сепак сеуште не е дојден часот за да тргнете во реализација и да превземете конкретни чекори. Во меѓувреме позанимавајте се со она што ви го наметнуваат условите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

На работното место на проблемите ќе им пристапите многу храбро, со деловните партнери ќе најдете одлично решение, а службените дружења завршете ги со кафенце или деловна вечера. Вашиот шарм е многу драгоцен во ваквите моменти, па слободно искористете го денес.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ова е еден од важните денови што се однесува до вашата кариера. Постои можност за средба со моќна личност и несекојдневен работен стрес. Ако имате некое јавно излагање предавање или важна работа, припремете се добро за да заблескате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Самовизијата на иднината и подршката од одреден круг на пријатели ќе ве инспирираат да се спротивставите на работните превирања. Можеби ќе се впуштите во кавги со одговорните луѓе или ќе размислувате за прекинување на работата. Нешто ќе морате да жртувате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете многу расположени и сите работи ќе ги извршувате многу брзо, но и успешно. Ќе дознаете многу важни ситници во врска со вашата работа кои ќе ви помогнат во реализацијата на вашите планови. Не се изложувајте на опасности.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете зафатени со секојдневните активности и неодложни обврски. Ќе размислувате на општите проблеми. На некои од вас кариерата им е на раскрсница и ќе се соочат со притисокот од околината, па и самите нама да бидат сигурни како понатаму. Вербалните судири со другите и критиката од страна на некоја постара личност ќе ја разниша вашата самодовреба.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Зголемениот број на обврски ќе ви го расипе денешното расположение. Ќе бидете склони кон нервоза, раздразливост, а добро би било повеќе да го користите мозокот и подобро да се организирате во работата. Во сотојба сте да се исцрпувате на работното место и да работите за двајца.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Деловните разговори, соработката со колегите, учењето и др. ќе ви го пополнат денешниот ден. Решавањето на еден проблем во вас создава неудобност. Можеби ќе имате и некои непредвидени тешкотии од кои ќе биде разнишана вашата самодовреба. Бидете храбри и одлучни.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Повеќето од вас нема да бидат воодушевени од деловните обврски. Вашето време со повеќе задоволство би го потрошиле на попаметни работи, но кој вели дека сеуште неможете да имате и пари. Можеби клучот на тоа е да престанете да ги задоволувате другите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Финансиските трошоци ќе ве потсетат да ја продолжите работата која сте ја започнале. Надворешните проблеми не се толку тешки за да ве спречат во постигнувањето на вашите цели. Но сепак сметајте на намалена концентрација.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Брзината со која комуницирате нема да биде на посакуваното ниво, а тоа ќе предизвикува извесни застои во извршувањето на работните обврски. Врз вашата положба на работното место влијаат и некои фактори за кои вие не сте свесни. Кога е во прашање љубовта, тука сте со среќна рака.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе ве привлекуваат работи кои не се рутински и во кои можете да ја покажете својата креативност. Со оглед на тоа дека ќе бидете многу позадоволни отколку до сега ќе бидете и многу работливи и вредни. Емоционално ви се закануваат краткотрјани напнатоси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП