2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Репрезентативците на Гана ја добија ветената премија

СП 2014: Репрезентативците на Гана ја добија ветената премија

gana pari

По заканата за штрајк, репрезентацијата на Гана ја доби паричната премија во Бразил. Националната федерација досега им беше должник на фудбалерите.

Вечерва Гана ќе игра против Португалија во последниот натпревар од групната фаза. Африканскиот тим загуби со 1:2 од САД и ремизираше 2:2 со Германија.

Посебна делегација, испратена од африканската држава со парите слета во сојузната престолнина во Бразил, доцна во средата за да ги исполни своите ветувања.

Одговорните лица беа придружени од полиција, каков е редот при пренесување на вредности. Според информациите наградата е околу 3 милиони долари.

Малку по пристигнувањето на делегацијата во хотелот каде престојува тимот, играчите почнаа да влегуваат и излегуваат во една од хотелските соби за да ги добијат ветените премии.

Некои од фудбалерите ги носеа парите во рака, други во џебовите, а трети завиткани во дрес. Според непотврдени информации највисока премија е 100.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП