9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Уругвајците тврдат дека нема докази против Суарез

СП 2014: Уругвајците тврдат дека нема докази против Суарез

mnk

Фудбалскиот сојуз на Уругвај смета дека не постојат доволно докази дека напаѓачот на оваа репрезентација Луис Суарез го гризнал одбранбениот италијански фудбалер Џорџо Кјелини, на дуелот на двете селекции пред два дена во Натал.

,,Уверени сме дека не постојат доволно докази за де преземат казнени мерки кон Суарез. Сите мораат да знаат дека на видео снимката која ни ја достави ФИФА ништо не се гледа јасно, односно таа ништо не открива”, изјави првиот човек на уругвајскиот фудбал Вилмар Валдес.

Суарез поради обвинувањето за гризење на противнички играч, дело кое го повторува по третпат, се соочува со двегодишна суспензија од фудбалските терени.

Уругвај ја победи Италија со 1:0 и се пласира во 1/8финалето од СП во Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП